Сениорскиот тим на Академија Пандев денес одигра два натпревари на подготовките во Анталија, Турција. Предпладне играа помладите играчи кои се приклучени кон првиот тим во комбинација со неколку сениори и остварија победа над екипата на Коњаспор У18 со резултат 3:0.
Попладне сениорите одиграа 2:2 со бугарската екипа Септември од Софија. Стрелци на головите беа засилувањата Ндуе Мујеци и Ангел Гранчов. По подолго време настапи и Бојан Најденов кој се враќа од операција на препоните.
Следниот натпревар се игра во вторник против екипата на Ротор од Русија.