Екипата на Беласица во овој подготвителен период одигра два контролни натпревари. Во првиот натпревар со екипата на Плачковица од Радовиш одигра 1:1, додека во вториот против Кит Го – Пехчево одиграа 0:0, двата натпревари се играа во Дојран.
Веќе во среда Беласица ќе го игра и третиот контролен натпревар, против Тиквеш од Кавадарци. Натпреварот ќе се игра на градскиот стадион „Благој Истатов“.