Беласица ремизираше со Кит-Го во Дојран

Беласица денес го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период. Иако натпреварот заврши без голови, гледачите можеа да уживаат во многуте искреирани шанси и борбеноста на фудбалери. Тренерот на Беласица на денешниот натпревар им даде шанса на многу млади талентирани фудбалери. Контролката се играше на стадионот при спортскиот центар „Истатов“ во Дојран.

ФОТО: ФК Беласица

ФОТО: ФК Беласица

Следниот контролен натпревар ФК Беласица ќе го одигра во среда, на градскиот стадион „Благој Истатов“, против ГФК Тиквеш.

Comments are closed.