Фудбалерите на прволигашот Академија Пандев во сабота ќе одиграат контролен натпревар против екипата на Септември Софија од Бугарија.
Претходно „пандевци“ одиграа контролен натпервар со српскиот суперлигаш Спартак Суботица, со резултат од 2:1. Пред овој натпревар, Академија Пандев одигра реми без голови со руска Балтика.
