Беласица денес играше контролен натпревар против Плачковица во Дојран, кој заврши без победник, со резултат 1:1.
Струмичани во овој натпревар беа големи фаворити за победа, со оглед на фактот дека беа есенски шампиони во Втората лига – Исток, додека Плачковица е на долниот дел од табелата, односно на седмото место.
Плачковица со гол преку Кудијан дојде до водство, а Мартин Мирчевски со гол за Беласица израмни на 1:1, со што го постави и конечниот резултат.