Беласица за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток се подготвува во Дојран, а веќе се договорени и неколку контролни натпревари. Првиот контролен натпревар се игра утре во Дојран со почеток од 13:00 часот, против екипата на Плачковица од Радовиш. Потоа следен тест ќе биде против Кит Го – Пехчево, Тиквеш од Кавадарци, Царско Село од Бугарија, Пелистер од Битола, а последен тест ќе биде против Кожуф од Гевгелија.
Беласица есенскиот дел од сезоната го заврши на првото место на табелата со 34 бодови.