Беласица утре во Дојран на контролка против Плачковица

Екипата на Беласица утре со почеток од 13:00 часот ќе го одигра првиот контролен натпревар против Плачковица од Радовиш, како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната. Беласица презими како лидер во Втората лига – Исток со освоени 34 бодови, три повеќе од штипска Брегалница. Радовишани есенскиот дел од сезоната го завршија на седмата позиција на табелата со 12 бодови, и во однос на Саса која е шеста имаат 8 бодови разлика.

ФОТО: Струмица Сити - АРХИВА

ФОТО: Струмица Сити – АРХИВА

 

Плачковица донесе нов тренер во своите редови и се договори за соработка со Љупчо Димитковски. Популарниот „Гањо“ последен пат работеше во Тиквеш, а претходно има работе и во Хоризонт Турново, како и Кожуф. Димитковски ќе има за цел да ја спаси Плачковица која е во долниот дел од табелата.

Беласица за пролетниот дел од сезоната се подготвува во Дојран. Струмичките фудбалерите ги очекува тешка пролет во борбата да ја задржат првата позиција на табелата и да обезбедат директен влез во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона испаднаа од истата.

Comments are closed.