Струмичани го одбележаа Големиот христијански празник Богојавление – Водици покрај осветените води на базенот ,,Аквариус” во кој беше фрлен светиот крст. На најбрзиот Трајче Серафимовски кој го фати крстот, од името на општина Струмица градоначалникот Коста Јаневски му подари Крст реликвијар од Цареви Кули.