Точно напладне, струмичани ќе се обидат да го пронајдат Светиот крст во осветената вода на градскиот базен „Аквариус’’ по повод големиот христијански празник Богојавелние – Водици.
Пронаоѓањето на Светиот Крст означува благослов и среќа во текот на целата година бидејќи човекот се сооединува со Христос.