Есенскиот шампион во Втората лига – Исток, екипата на Беласица се засили со Давид Стојков. Давид во Беласица доаѓа од Академија Пандев, има 18 години и игра на штоперската позиција.
„Стојков е исклучително борбен, и доста квалитетен играч. Со него штоперската линија на ФК Беласица доби дополнително на квалитет“, истакаа од Беласица.