Беласица се засили со Роберт Митев, играч кој игра во офанзивата на нападот на крилните позиции. Митев доаѓа од екипата на кавадаречки Тиквеш, каде изминатите 2 и пол години беше стандарден првотимец и еден од најдобрите играчи во истоимениот тим.
„Со неговиот квалитет како фудбалер и искуство, нашиот тим доби огромно засилување во нападот“, истакнаа од Беласица.