Струмица доби Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот

Пунктот претставува обид за создавање своевидна симбиоза помеѓу двете целни групи.DSC_3648

Имено, според идејната поставеност на инфо пунктот, тој претставува канцеларија во која младите ќе можат во секое време да ги добиваат посакуваните информации за понудата на бизнис секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство, а од друга страна ќе го користат и бизнисмените во поглед на задоволување на своите бизнис потреби од вработување на млади кадри. Проектот „Младите – клуч на иднината на бизнис секторот“, се спроведува во партнерска соработка на Здруженијата – „Центар на заедницата на општина Струмица“ и „Струмичка бизнис заедница“, во рамките на. „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан“, финансирана од Европската Унија, спроведувана од УНДП, а во чијашто реализација учествува и општина Струмица со 20 посто од вкупниот буџет со што го потврдуваме нашето партнерство со граѓанските организации и истовремено ги мотивираме да креираат проекти со кои се унапредува развојот на Општината.DSC_3624 DSC_3650 DSC_3655 DSC_3658 DSC_3690 DSC_3696

Comments are closed.