Марко Алчевски денеска стави потпис на својот прв професионален договор со прволигашот Академија Пандев. Марко на 15 годишна возраст се приклучи на младинските категории на Академија Пандев, а веќе на 17 години го потпишува и својот професионален договор. Алчевски веќе има и неколку настапи за сениорскиот тим, а по оперативниот зафат на лигаментите на коленото, повреда заработена на реванш натпреварот против Зрињски, овој договор ќе му биде уште поголема мотивација за брзо враќање помеѓу стативите.
Марко е репрезентативец на Македонија во селекциите У18 и У19. Академија Пандев се гордее со своите младински школи и иднината на сениорскиот тим ја гледа токму во фудбалерите произлезени од нив.