На 10 јануари 2020 година беше извршена прозивката, со што официјално Беласица ги започна подготовките за пролетниот дел од оваа сезона. На првиот тренинг се извршија потребните тестирања со кои се утврди физичката состојба на секој фудбалер. Изминативе 3 седмици фудбалерите на Беласица имаа и посебна индивидуална тренинг програма која ја следеа и по која работеа интензивно.
Беласица пред стартот на полусезоната ќе одигра и неколку контролни натпревари и тоа со ФК Кит Го – Пехчево, ГФК Тиквеш, ФК Пелистер, гостување кај бугарскиот прволигаш ФК Царско Село, а генералката ќе се одигра против екипата на ФК Кожуф.
Дел од подготвителниот период, ФК Беласица ќе го одработи во Дојран, во СЦ Истатов, во периодот од 25 јануари до 2 февруари.