Горан Пандев уште еднаш ги покажа своите квалитети и со гол во 87. минута го реши натпреварот против Сасуоло и донесе голема победа за Џенова и важни 3 бода.

Нашиот капитен по четврти пат се запиша во листата на стрелци за екипата на Џенова, а овој погодок е еден од најважните за неговата екипа, која води битка за опстанок во италијанската Серија А.
Џенова сега е на 19. место на табелата со 14 освоени бодови, исто толку има и Бреша која е на 18. позиција. Во однос на 17. место, екипата на струмичкиот фудбалер има негатива од еден бод.