Екипата на Академија Пандев имаше успешна сезона, откако најпрво го освои Купот на Македонија, а потоа заврши на третото место во Првата лига и имаше европски настап од квалификациите за Лига Европа.
Академија Пандеев на гала вечерва што ја организираше ФФМ, беше избрана за најдобра фер-плеј екипа, поради најмалиот број на жолти и црвени картони во последната сезона. Наградата ја прими Ристе Ристов од управата на фудбалскиот прволигаш, кој играл најкоректно минатата сезона.
Надобар судија во македонскиот фудбал беше избран Марјан Гоцевски.
