Академија Пандев го направи првото зимско засилување со Ангел Гранчов, кој игра на позицијата централен дефанзивец. 27-годишниот поранешен младински репрезентативец на Бугарија во својата кариера има настапувано за екипите на ЦСКА Софија, Локомотив Пловдив, Славија Софија.
Во Академија Пандев доаѓа од редовите на косовски Фљамуртари. Ова е првото од неколкуте планирани засилувања за пролетниот дел од првенството.
