Деновиве завршија градежните активности во населеното место Попчево, согласно планираното за оваа година. Се изврши бетонирање со проширување на улицата кон црквата и гробиштата. Истовремено се бетонираше и дел од каналот за атмосферски води. Градежните зафати продолжија во населеното место Водоча каде се бетонира улица.