ЖФК Тиверија Струмица одигра одлична полусезона во Првата женска фудбалска лига и заврши на второ место. Фудбалерките на ЖФК Тиверија запишаа 11 победи, едно реми и еден пораз, при што постигнаа 86 голови, а примија 8.
Есенски шампион во Првата женска фудбалска лига е екипата на ЖФК Каменица Саса со освоени 37 бодови. ЖФК Каменица Саса во есенскиот дел од сезоната запиша 12 победи и едно реми. Три бода помалку има второпласираната Тиверија, додека со 31 бод третопласирана е ЖФК Деспина од Прилеп. Актуелниот шампион Драгон одигра под очекуваното и со 26 освоени бодови се наоѓа на шесттото место на табелата.
На дното од табелата е ЖФК Плачковица од Радовиш, екипа која се уште нема освоено бодови, на 13. место е Љуботен со 3 бода, додека екипата на ЖФК Атлетико се наоѓа на 12. место со шест освоени бодови.
Следува пауза во Првата женска фудбалска лига, одмор за фудбалерките и време за анализа на постигнатите резултати во есенскиот дел. Подготовките за вториот дел од сезоната се очекува клубовите да ги започнат во јануари.
