Нашиот најдобар одбојкар, Струмичанецот Никола Ѓоргиев уште еднаш ги покажа своите квалитети во Бундеслигата. Во големото дерби на двата клуба за титулата, Фридрихсхафен загуби од БР Волејс со 2:3 во сетови.
Струмичанецот Ѓоргиев запиша 27 поени и беше прогласен за најкорисен играч на натпреварот. Фридрихсхафен го запиша вториот сезонски пораз и се наоѓа на второто место на табелата, додека нивниот противник БР Волејс е лидер на табелата и се уште нема пораз во досегашниот дел од сезоната.