Ракометарите на Астраион запишаа нова победа, откако со убедливи 40:23 славеа над Риниа од Скопје, во натпревар од 13. коло од Првата ракометна лига – Група 1.
За струмичани оваа е деветта сезонска победа, додека Риниа го запиша својот деветти сезонски пораз. Најдобар стрелец кај Астраион беше Велков со 7 голови, Кантраџиев постигна 5, додека по 4 гола постигнаа Караиванов, Наков и Спасов.
Во следното коло РК Астраион ќе гостува кај екипата на Јуниор К.В.
