ЖФК Тиверија Струмица запиша нова победа, откако на гостувањето од 13. коло од Првата женска фудбалска лига во Куманово, славеше со 1:2 над ЖФК Речица.
ЖФК Тиверија во текот на целиот натпревар имаше игра и иницијатива, па преку головите на Ане Бошеска и Сара Велкова, струмичанки дојдоа до посакуваните три бода. Домаќините својот единствен гол на натпреварот го постигнаа во судиското надополнување.
За екипата на ЖФК Тиверија играа: Панчурова, Недева, Николова, Бошеска, Панеска, С. Велкова, Ристовска (с), Божиновска, Р. Велкова, Николовска, Димоска, а во игра влегоа Головска и Цунева.
Овој натпревар се играше три дено порано, бидејќи ЖФК Тиверија Струмица ќе учествува на меѓународен турнир во Црна Гора од петок до недела.