Академија Пандев во 18. коло од Првата македонска фудбалска лига, ќе гостува во Кратово, каде ќе ги одмери силите со екипата на Силекс.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Влахо Константин од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Ицковски Филип исто така од Скопје. За четврт судија на натпреварот одреден е Младеновски Марјан од Скопје.
Делегат на натпреварот во Кратово ќе биде Савов Жанко од Скопје, додека за контролор одреден е Стојановски Драге од Куманово.
Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 13:00 часот.