Екипата на ЖФК Тиверија Струмица утре (четврток) ќе игра против ЖФК Речица на гостински терен, во натпревар од 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Оваа е последно коло од есенскиот дел од сезоната.
ЖФК Тиверија по 12. одиграни кола се наоѓа на второто место на табелата со 31 освоен бод, и има негатива од само три бода во однос на лидерот ЖФК Каменица Саса. ЖФК Речица е осмопласирана на табелата со 16 освоени бодови.
Натпреварот се игра на теренот во с. Речица со почеток од 12:30 часот.