ЖФК Тиверија Струмица во недела на Општинско игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица, ќе ја пречека екипата на ЖФК АС Јунајтед од Струга, во натпревар од 12. коло од Првата женска фудбалска лига.
ЖФК Тиверија е на второто место на табелата со 28 бодови, исто колку што има и ЖФК Деспина од Прилеп која е трета на табелата, додека ЖФК АС Јунајтед со бод помалку е на четвртата позиција.
До крајот на есенскиот дел од сезоната остануваат уште две кола, односно ова е претпоследното коло. Натпреварот ќе се игра со почеток од 12:00 часот.