Беласица во сабота на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека екипата на Плачковица од Радовиш, во натпревар од 14. коло од Втората лига – Исток.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Ѓорѓиевски Владимир од Битола, додека негови помошници ќе бидат Кокевски Јовче од Битола и Николовски Николче од Ресен. Четврт судија на натпреварот ќе биде Лековски Дени од Битола. За делегат на натпреварот одреден е Игнатов Павле од Пробиштип, додека за конторлор Неделкоски Златко од Скопје.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.