Академија Пандев во недела на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ги одигра дербито со Вардар, во натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Грујоски Александар од Кичево, додека негови помошници ќе бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран исто така од Кичево. Четврт судија на натпреварот во Струмица ќе биде Новачев Петар од Велес. За делегат на натпреварот одреден е Шалев Тони од Кавадарци, додека за контролор Хаџипази Алиларџан од Гостивар.
Натпреварот ќе започне во 13:00 часот.
