Беласица останува на врвот во Втората лига – Исток, откако во дербито на 13. коло во Гевгелија со 1:2 славеа над Кожуф.
Домаќините уште во 7. минута од натпреварот поведоа со 1:0 преку Трајчевски, но струмичани експресно се вратија во игра, откако Сулев во 10. минута погоди за 1:1. Во второто полувреме ланскиот прволигаш тргна поофанзивно и со одличната игра постигна нов гол, за конечен пресврт, а стрелец на истиот беше Марков, кој погоди во 63. минута од натпреварот.
Со оваа победа Беласица останува лидер на табелата со 31 освоен бод, додека Кожуф е петти со 26 бодови. Во следното коло Беласица на „Благој Истатов“ во Струмица ќе ја пречека екипата на Плачковица од Радовиш, која е на седмата позиција на табелата со 11 бодови.