Од вчера големиот градски парк е збогатен и со катче за миленици во кое се поставени повеќе реквизити и каде што сопствениците ќе можат да поминуваат пријатни мигови со своите домашни миленичиња. Паркот за милениците е дело на ЕВН во рамките на проектот „ЕВН волонтира“ и успешната соработка што општина Струмица ја има со оваа компанија. Меѓу волонтерите на ЕВН беше и градоначалникот Коста Јаневски кој рече дека паркот надополнува уште едно парче во мозаикот кој што ја прави Струмица урбана и уредена Општина.