РК Астраион викендот ја запиша својата петта сезонска победа, против екипата на Текстилец од Штип, со резултат од 31:21 и се зацврсти на лидерската позиција во Првата ракометна лига – Група 1, каде се натпреваруваат 9 екипи.
Струмички Астраион во досегашниот тек од сезоната има запишано пет победи и едно реми и со вкупно 16 бодови е на првото место на табелата, на втората позиција е РК Прилеп кој има бод помалку. Куманово е трет на табелата со 14 бодови, Јуниор К.В. е четврти на табелата со 12 бодови, а исто толку бодови има и Македонија ЃП која е петта на табелата. Вардар Неготино со 9 освоени бодови е на шесттото место, Текстилец од Штип со два бодови е на седмата позиција, Риниа М со еден освоен бод е на осмата позиција, додека РК Алушовски е последен без освоени бодови.
Во следното коло РК Астраион ќе му гостува на РК Вардар Неготино, МРК Куманово ќе игра против Риниа М, Македонија ЃП ќе биде домаќин на Текстилец од Штип, додека РК Прилеп ќе го пречека РК Алушовски.
