ЖФК Тиверија Струмица запишаа нова убедлива победа од 0:5 во Дојран против екипата на ЖФК Истатов, во натпревар од 8. коло од Првата женска фудбалска лига.
Стрелци на головите за ЖФК Тиверија беа Димоска со два гола, Р. Велкова, Божиновска и Николовска.
ЖФК Тиверија со оваа победа се искачува на третото место на табелата со 19 бодови, исто толку бодови има и актуелниот шампион Драгон, додека ЖФК Истатов останува на осмото место со 12 бодови.
Деспина Прилеп и Каменица Саса се на делба на првото место со по 22 освоени бодови.
Во следното коло ЖФК Тиверија ќе игра против ЖФК Шкендија.