Академија Пандев со Работнички го отвараат 13. коло од Првата македонска фудбалска лига. Овој натпревар ќе се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
„Пандевци“ влегуваат како фавороти за победа на овој натпревар. По 12 одиграни кола Академија Пандев е втора на табелата, додека Работнички е последен.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Бартон Јосип од Скопје, негови помошници ќе бидат Емурли Иса од с. Шемшово и Јовчевски Дарко од Тетово. Четврт судија на натпреварот ќе биде Величков Боби од Велес.
За делегат на натпреварот одреден е Блажовски Драган од Скопје, додека за контролор Јакимовски Делчо исто така од Делчево.
Натпреварот ќе започне во 13:30 часот.