ЖФК Тиверија Струмица утре на Општинското фудбалско игралиште „Филип Лазаревски“, ќе ја пречека екипата на ЖФК Атлетико од Битола, во натпревар од 7. коло од Првата женска фудбалска лига.
По 6. одиграни кола ЖФК Тиверија е на шесттото место на табелата со 13 освоени бодови, додека ЖФК Атлетико е на деветтото место со 6 освоени бодови.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 14:30 часот.