Фудбалерите на Тиверија во недела, на домашен терен во Струмица, ќе го одиграат натпреварот од 7. коло од Третата лига – Југоисток, против екипата на Брегалница од Делчево.
Тиверија во моментот е на четвртото место со 12 бодови, но и натпревар помалку, додека Брегалница Сениори е на шесттото место со 6 освоени бодови. Во претходно коло Тиверија беше слободна, додека Брегалница во Делчево загуби со минимални 0:1 од Овче Поле од Свети Николе.