Академија Пандев во недела ќе гостува во Велес кај екипата на Борец, во натпревар од 11. коло од Првата лига.
На овој натпревар главен судија ќе биде Ставрев Александар од Скопје, негови помошници ќе бидат Кировски Марјан и Костадинов Дејан од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Шаќири Албрим од Струга. Делегат на натпреварот е Исмаили Мујдин, додека за контролор на натпреварот е одреден Сеља Илир од Струга.
Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Велес, со почеток од 13:30 часот.