Академија Пандев во недела ќе гостува во Велес, каде ќе го одигра натпреварот од 12. коло против екипата на Борец.
Во овој натпревар „пандевци“ влегуваат како фаворити за победа, поради подобрата форма и екипа. Првиот натпревар меѓу овие две екипи од оваа сезона, заврши со победа од 2:0 за Академија Пандев, а натпреварот се играше во Струмица на „Благој Истатов“.
Во моментот Академија Пандев е на делба на првото место на табелата со Вардар со по 24 бодови, додека екипата на Борец е деветта и има 11 освоени бодови.
Натпреварот се игра со почеток од 13:30 часот на Градскиот стадион во Велес.
