Во среда се игра натпреварот меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП, во рамките на 11. коло од Првата лига, на стадионот “Благој Истатов” во Струмица.
Главен судија на натпреварот ќе биде Ецкоски Марјан од Охрид, додека негови помошници ќе бидат Лозаноски Злате и Дрнковски Николче од Битола. Четврт судија ќе биде Грданоски Симон од Струга.
Делегат на натпреварот ќе биде Сакипи Абдулаод Липково, а контролор Манојлоски Бранко од Тетово.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 14:30 часот.