Општина Струмица денеска беше домаќин на претставници од областа Алказија во Република Грузија во рамките на проект организиран од светската агенција ACTION AGAINST HUNGER, а спроведуван од Мрежата за рурален развој и Здружението Целор. На работниот состанок, претставниците од Грузија беа запознати со работењето на општина Струмица, посебно во реализацијата на проекти финансирани од Европската Унија.