Утре фудбалерите на Академија Пандев во Тетово ќе го одиграат натпреварот од 10. коло од Првата лига против екипата на Шкендија.
„Пандевци“ по 9. одиграни кола се на второто место на табелата со 18 освоени бодови, додека актуелниот шампион Шкендија е на шесттото место со 11 освоени бодови. Во првото коло Академија Пандев во Струмица со 1:0 го совлада шампионот Шкендија.
Главе судија на натпреварот ќе биде Маркоски Марјан од Охрид, додека негови помошнци ќе бидат Маркоски Слаѓан и Таравари Ебрар од Гостивар. Четврт судија ќе биде Бакрачески Разме од Струга. За делегат на натпреварот одреден е Јовановски Гоце од Битола, додека за контролор е Сеља Илир од Струга.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 14:30 часот на Градскиот стадион во Тетово.