Екипата на Академија Пандев во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе гостув кај шампионот Шкендија во Тетово.
Во првото коло во Струмица, „Пандевци“ со 1:0 ја совладаа Шкендија. По 9. одиграни кола, Академија Пандев е втора на табелата со 18 бодови, додека Шкендија е на шесттото место со 11 освоени бодови.
Во претходното коло Академија Пандев со 2:0 во Струмица славеше над Силекс од Кратово, додека Шкендија во Тетово одигра 0:0 со Вардар, екипа која во моментот е на првото место на табелата со 20 освоени бодови.
