Ракометарите на Астраион запишаа нова победа, откако во Струмица со убедливи 25:18 ја совлдаа екипата на Јуниор Кисела Вода, во натпревар од Група 1 во Првата ракометна лига.
Астраион во текот на целиот натпевар имаше водство, а победникот беше решен уште во првиот дел од натпреварот. Најдобри стрелци кај домаќините беа Филип Кавазов и Мите Караиванов со по шест погодоци, додека кај Јуниор Кисела Вода најдобар беше Кире Башевски со четири голови.
Во следното коло Астраион ќе игра против РК Алушoвски на гостински терен.
