Екипата на Спартмани запиша нов пораз, откако во 5. коло од Третата лига – Југоисток со 2:1 загуби од Младост Удово на гостински терен.
За Спартмани оваа е четврти сезонски пораз од исто толку натпревари и без ниту еден бод се на последното место на табелата. За екипата на Младост Удово ова е прва сезонска победа, и со трите освоени бодови е на деветтото место на табелата.
Во следното коло Спартмани на домашен терен ќе играат против Дојранско Езеро од Дојран, додека Младост Удово ќе гостува во Виница кај Слога.