Фудбалерите на Тиверија го прептреа првиот сезонски пораз, откако во Свети Николе со 2:1 беа поразени од Овче Поле, во натпревар од 5. коло од Третата лига – Југоисток.
Тиверија ја пропушти можноста со евентуална победа да се зацврсти на лидерската позиција. По поразот, струмичани ја делат првата позиција со Слога, Овче Поле и Василево со по 12 бодови.
Во следното коло Тиверија е слободна, додека Овче Поле гостува кај Брегалница Делчево.