Фудбалерките на ЖФК Тиверија Струмица денес ќе играат против ЖФК Топ Гол од Битола, во натпревар од 5. коло од Првата женска фудбалска лига.
ЖФК Тиверија Струмица е четврта на табелата со 9 освоени бодови, додека ЖФК Топ Гол е на 9. место со четири освоени бодови.
Натпреварот меѓу ЖФК Тиверија и ЖФК Топ Гол се игра на Општинското игралиште “Филип Лазаревски” во Струмица, со почеток од 15:00 часот.