Ракометарите на РК Астраион во недела во „Парк“ во Струмица ќе го одиграат натпреварот од 5. коло против екипата на Јуниор К.В.
Во моментот Астраион има освоено 7 бодови, но има натпревар помалку, бидејќи во првото коло беше слободен, додека Јуниор К.В. има шест освоени бодови.
Судиска двојка за овој натпревар ќе бидат Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски од Скопје, додека делегат на натпреварот ќе биде Мамер Реџепи, исто така од Скопје. Натпреварот се игра со почеток од 20:30 часот.