Фудбалерите на Тиверија запишаа нова победа, откако на домашен терен во Струмица со 4:2 го победија Раклиш од Радовиш, во натпревар од 4. коло од Третата лига – Југоисток.
Тиверија останува со максимални 12 бодови на делба на првото место на табелата заедно со екипата на Слога од Виница, која исто така има максимални 12 бодови од 4 одиграни натпревари.
Во следното коло Тиверија ќе има тешко гостува во Свети Николе кај екипата на Овче Поле. Фудбалерите на Овче Поле во оваа коло беа слободни, а на претходните три кола запишаа три победи и имаат максимални 9 бодови.