Екипата на Беласица забележа убедлива победа, откако со 0:8 го победи Питу Гули од Крушево на гостински терен, во натпревар од 7. коло од Втората лига – Исток.
Во текот на целиот натпревар, фудбалерите имаа доминација. Резултатот го отвори Размоски Дарко во 3. минута, а Минчевски Мартин стрелаше 5 пати. Стрелци на останатите голови беа Радојчиќ Даниел и Истатов Благој.
На денешниот натпревар деби настап за првиот тим на Беласица имаше Коколански Кирил.
Беласица со оваа победа има 18 бодови и се наоѓа на второто место, додека Питу Гули со 3 бода е на последното 10. место. Лидер на табелата е Тиквеш со 19 бода.
Во следното коло Беласица на домашен терен ќе игра со Брегалница од Штип.