Сите вистини за појавата на целулитот

Голем дел од жените патат од „портокаловата кора“ и водат битка со целулитот. Повеќето од нив трошат многу пари на третмани без резултат и бескорисни производи. Тоа е затоа што целулитот не е проблем на дебелината, туку на кожата. Нема никаква врска со тоа колку килограми имате или колку сте изгубиле – објаснуваат дерматолозите.c

Проблемот лежи во фактот дека жените не разбираат што е целулитот и со самото тоа не знаат како да го третираат. До крајните граници трошат се на губење килограми и третмани, а сето тоа залудно.

Всушност, не постои одредена разлика помеѓу целулитот и салото. Масажерите за целулит и кремите се создадени за да ја растворат оваа појава. Целулитот настанува поради атрофија на мускулите, а тоа се јавува кога мускулите стануваат слаби, необликувани и одвоени од кожата. Добрата работа е што постои начин да се ослободите од атрофија на мускулите и да го отстраните целулитот.

Ова се пет работи кои треба да ги знаете за целулитот:

1. Не можете да се ослободите од него само со помош на креми. Дупчињата кои ги создава целулитот се резултат на проблеми кои се кријат под површината на кожата. Затоа кремите не можат да го решат овој проблем. Неопходни се и вежби.

2. Козметичките третмани носат резултат, но можат да бидат опасни. Третманите по козметичките салони можат да доведат до повреди, појава на модрици и оштетување на чувствителниот дел од кожата.

3. Целулитот не е генетска појава, може да го отстраните. Без разлика на тоа што ви е кажано, целулитот не е наследен од родителите.

4. Може да се ослободите од него без разлика колку години имате. Целулитот е важен за вашите мускули и без разлика колку години имате. Само со вежби на соодветните делови на телото може да ги добиете посакуваните резултати. Тоа не се тешки вежби и можат да ги прават сите жени, без разлика на физичката подготвеност.

5. Единствен начин да се ослободите од целулитот се специјалните вежби. Движењата се едностави и ги поттикнуваат мускулите. Работат на затегнување, тонирање и го доведуваат во ред мускулниот дел на телото, со што се отстрануваат дупчињата под кожата. Затоа, веднаш придвижете се и започнете со вежбите против целулит. Запаметете, целулитот нема никаква врска со губењето килограми. Дури и најслабите жени можат да го имаат.

Comments are closed.