Академија Пандев во 9. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе игра натпревар против Силекс од Кратово, на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Главен судија на овој натпревар ќе биде Стојчевски Игор од Скопје, додека негови помошници ќе бидат Димитријевиќ Дејан и Иваноски Бојан исто така од Скопје. Четврт судија на натпреварот ќе биде Трпчевски Стојанче од Кавадарци.
За делегат на натпреварот одреден е Реџепи Рами од Липково, додека за контролор е Николовски Зоран од Скопје.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 15:00 часот.