Фудбалерите на Академија Пандев во 8. коло го доживеа првиот сезонски пораз, откако на вчерашното гостување во Скопје, загубија со 1:0 од Вардар.
„Пандевци“ и покрај овој пораз остануваат на второто место на табелата со 15 бодови, додека Вардар со победата се зацврсти на првото место со 19 бодови.
Во Кратово, Силекс со 1:0 го совлада Работнички, додека Ренова на домашен терен со 2:1 беше подобра од Борец. Во Струга, екипата на Струга Трим Лум беше поразена од Македонија ЃП со 0:2, а во саботата Шкупи со 2:0 го доби големото дерби со шампионот Шкендија.
Во следното коло Академија Пандев во Струмица ќе игра против Силекс, додека Вардар гостува во Тетово кај Шкендија.